Исландската полиција денеска прогласи „фаза на несигурност“, поради сеизмичката активност во близина на вулканот Хекл, што е најниско ниво на предупредување на населението.
Зголемено е набљудувањето на југот на Исланд, а полицијата на граѓаните им порача да не одат на излети во таа област, иако тоа не е забрането.
Директорот на цивилната заштита Видир Рејнисон, изјави дека на предупредувањето му претходат серија потреси, но дека тоа не значи дека ќе дојде до ерупција на Хекл.
Според научниците до ерупција може да дојде, бидејќи овој вулкан последните децении беше доста активен и тоа на секои десет години, а последен пат во 2000 година.
Грижата за сеизмичката активност на север од Атлантикот се зголеми од април 2010 година, кога пепелот од Ејафјалајокул ги приземји летовите ширум Европа во текот на неколку дена.
Елена Георгиевска