Исланд одлучи: Не сака во ЕУ

Од:

Граѓаните на Исланд го отфрлија владиниот предлог за продолжување на пристапните преговори со Европската унија, објави јавниот сервис RUV, откако беа преброени речиси сите гласови.

Поддржувачите на членството во ЕУ во кампањата истакнуваа дека приклучувањето би можело да придонесе за намалување на високите каматни стапки со кои земјата се соочува подолг период, но и да ја зголеми безбедноста на Исланд во услови на руската агресија врз Украина и тензиите околу Гренланд.

Од другата страна, противниците на продолжувањето на преговорите предупредуваа дека членството во ЕУ може да го загрози суверенитетот на земјата, како и контролата врз богатите риболовни подрачја, кои имаат клучно значење за исландската економија.

Токму каматните стапки, рибарството и високите трошоци за живот беа меѓу главните теми во референдумската кампања.

Исланд ги започна преговорите за членство во ЕУ во 2009 година, но процесот беше прекинат во 2013 година. Новиот исход на референдумот засега повторно ја оддалечува земјата од продолжување на пристапниот процес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин