Исланд – најскапата држава во Европа

Од:

Исланд е претежно студен, но може да ве „препоти“ ако погледнете сметка од некој хотел или ресторан – таму работите се поскапи, а понекогаш и многу повеќе отколку во кој било друг дел од Европа.

Во оваа островска држава, цените се во просек 56 отсто повисоки отколку во остатокот од Европа, што ја чини најскапа европска земја. На второ место е Швајцарија, па Норвешка и Данска, според податоците на Евростат.

На пример, просечно, една пица чини околу 2.400 исландски круни (1.000 денари). За чаша вино пак ќе треба да платите најмалку 620 денари, а за мало пиво 420 денари.

Но, не е скапо само во рестораните. Имено, спакувани десет јајца во продавница чинат 290 денари. Исланд е земја со 355.000 жители, каде што економијата во голем дел зависи од увозот на храна, а даноците и давачките за алкохол се многу високи. Тоа е една од причините за така високите цени.

Друг битен фактор за тоа се големите флуктуации на исландската круна во 2016 и 2017 година. Минатата година, просечната месечна плата, пред оданочување, изнесуваше 632.000 круни (околу 272.000 ден).

Иако цените за туристите се шокантни, „домаќините“ имаат пристојни плати.

Според предвидувањата на Централната банка, за Исланд следуваат тешки времиња. Економијата ќе стагнира оваа година за првпат по десет години. Инфлацијата е во забрзано темпо, така што во првото тримесечје оваа година достигна 3,1 отсто. И, тоа ја намалува куповната моќ за секого, наведува Конрад Гудјонсон, претставник на Трговската комора.

Добрата вест е дека растечката рецесија треба да ги намали цените за домување кои станаа доста високи последниве години. Просечна месечна кирија за еднособен стан во центарот на Рејкјавик на пример, е околу 72.000 денари.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани