Исланд ја повлече кандидатурата за членство во ЕУ

Од:

Исландските власти соопштија дека ја повлекле кандидатурата за прием во Европската унија.

Шефот на исландската дипломатија Гунар Браги Свејсон изјави дека одлуката за повлекување на кандидатурата ја доставил до Летонија, која ја претставува Европската унија и дека за тоа е информирана и Европската комисија.

-Интересите на Исланд ќе бидат најдобри доколку не е во ЕУ- се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Кандидатурата за членство во ЕУ, Исланд ја поднесе во 2009 година по финансиската криза, додека во мај 2013 година владата одлучи да ги замрзне преговорите за приклучување во ЕУ.

Властите во Рејкјавик наведуваат дека сакаат да задржат блиски односи со ЕУ, со која државата е поврзана преку Европското здружение за слободна трговија и Шенгенската конвенција.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ