Екстремистичката организација Исламска држава, која се бори во Ирак и Сирија, претставува непосредна закана за Евтопа, бидејќи значителен број нејзини припадници поседуваат европски пасош, изјави директорот на американскиот Национален центар за борба против тероризмот Метју Олсен.
Опасноста што ја претставуваат џихадистите што потенцијално можат да се вратата на Запад за вршење напади поттикна поголема соработка меѓу американските и европските разузнавачки експерти со цел да се влезе во траг на осомничените терористи, изјави Олсен.
Олсен смета дека екстремистите од Исламската држава се поголема закана за европските држави, отколку за Америка, со оглед на тоа дека голем број нејзини припадници се регрутирани од земји од Европската унија.
Според него, таквата закана е на самиот праг на овие држави. Николас Расмусен, заменик на Олсен, изјави дека соработката во врска со размената на информации за осомничени терористи меѓу Вашингтон и европските партнери е значително подобрена во изминатите месеци, по акциите на Исламската држава.