„Исламска држава” зеде над 200 заложници во ирачката провинција Киркук

Од:

Терористичката група „Исламска држава” зеде за заложници над 200 жители во ирачката провинција Киркук, поради нивната соработка со ирачките владини сили, соопшти иранската агенција Фарс, пренесува ТАСС.

Џихадисти ги обвиниле киднапираните дека на курдските сили за самоодбрана „пешмерга”, на милицијата „Ал Хашд ал Шааби” и на ирачките сили за безбедност ја откривале локацијата на старешините на ИД.

На почетокот на неделата, ирачката армија и доброволните милиции презедоа нова офанзива против позициите на џихадисти во Киркук и по тешки борби ја вратија контролата на повеќе од 50 села.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак