Исламска држава загуби 95 отсто од територијата која што ја освои во 2014 година

Од:

Меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД соопшти дека организацијата Исламска држава загубила 95 отсто од територијата која што во 2014 година ја освои во Сирија и Ирак.

– Откако беше создадена коалицијата во 2014 година, ИД изгуби 95 проценти од територијата што ја контролираше во Сирија и во Ирак, наведе американскиот специјален претставник на коалицијата Брет Макгурк.

ИД контролираше речиси половина од територијата на Сирија и една третина од Ирак во 2014 година кога објави калифат.

Според Макгурк повеќе од 7,5 милиони луѓе веќе се ослободени од контролата на ИД и дека прекинало влегувањето на странски борци во Сирија.

– Финансиите на ИД денес се на најниска точка. Вршиме притисок врз организацијата на терен и во кибер просторот, каде се бориме против терористичката пропаганда, забележа Макгурк.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад