Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за нападот со автомобил бомба што денеска беше извршен на контролен пункт во западниот ирачки град Ал Каим.
Според ирачката армија, во нападот загинале седум лица, локален функционер соопшти дека бројот на жртвите е осум, додека „Исламска држава“ тврди дека загинале 28 лица.
Градот Ал Каим се наоѓа на 400 километри северозападно од Багдад, во близина на ирачко-сириската граница.