Египетското владеачко движење „Муслиманско братство“ предупреди дека деклрацијата на Обединетите нации за правата на жената може да го уништи општеството, дозволувајќи им на жените да патуваат, работат и користат контрацептивни средства без согласност на сопругот, како и да им се дозволи да го контролираат домашниот буџет.
Исламистичкото движење, кое го поддржува претседателот Мухамед Морси, наведе десет причини заради кои муслиманските земји треба да „ја отфрлат и осудат декларацијата“, за која Комисијата на ОН за статусот на жената инсистира денеска со консензус да се постигне согласност, јавија британските медиуми.
„Муслиманско братство“, чија „Партија на слободата и правдата“ го доведе Морси на власт, во јуни минатата година, соопштението за правата на жените вчера го стави на својата Интернет страница.
Египет им се приклучи на Иран, Русија и Ватикан, кои се противат на донесувањето декларација за правата на жената бидејќи имаат одделни забелешки за формулациите за сексуалните права и правата на геј популацијата.
„Муслиманско братство“ соопшти дека деклрацијата на „жените ќе им даде права да поднесат судска тужба против сопругот за силување или сексулано вознемирување“, со што судовите ќе ги казнуваат сопружниците исто како и силувачите.
Американската амбасадорка во ОН, Сузан Рајс, минатата недела на состанокот на Комисијата го пофали напредокот што САД го направиле за намалување на насилството врз жените, што врз нив го вршат нивните партнери.
-Сите 50 земји во нашиот сојуз сега имаат закони кои силувањето на сопружниците го третираат исто како и силувањето, рече Рајс. „Ние не можеме да живееме во вистински слободно општество доколку жените или девојките не се слободни да го достигнат својот полн потенцијал“ смета таа.
Годинешната декларација за првата на жената е насочена на завршувањето на насилството врз жените и девојките.
Според неименувани допломати, Египет поднел амандман со кој на земјата ќе и се дозволи да не ја применува декларацијата доколку таа е во спротивност со националниот закон, верската или културна вредност. Некои дипломати наведуваат дека тоа, меѓутоа, може да ја наруши целата деклрација.