Исламистите од Ал Шабаб убија 36 и ранија 18 лица во Сомалија

Од:

Екстремистите од движењето Ал Шабаб убија вчера најмалку 38 лица, претежно војници во напад врз воена база во сомалискиот полуавтономен регион Пунтланд, соопшти воен претставник.

Нападот се случил, откако исламистите од Ал Шабаб го презедоа градот Аф Урур.

Воениот претставник потврди дека се убиени 38 лица, а ранети се 18.

Според него исламистите заробиле и однеле со себе одреден број војници.

Нападот следеше неколку дена откако во Пунтланд петмина припадници на Ал Шабаб, кој е поврзан со Ак Каеда, беа осудени на смрт.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија