Исламистичкото лудило упорно истрајува

Од:

Незаинтересираноста за медиумско покривање на Исламот беше прекршено со двата терористички напади во Канада, што е потсетување дека се додека светот не се обедини да ја уништи Исламската држава, сите ќе бидеме кревки. Терорист „волк самотник“ може да ве убие исто како и некој од терористичка организација, посебно онаква која ги поттикнува ваквите напади.

Додека медиумите неуморно продолжуваат да известуваат за еболата во западна Африка и се загреваат за големо покривање на претстојните средносеместрални избори на 4 ноември, Билискот исток останува во сенка и никогаш не згрешувајќи да создаде вести за бобмардирања, претсрелки и за вообичаените нечовечности кои ги поврзуваме со Исламот.

Американците обрнуваат внимание на Блискиот исток само кога тече крв, и во псоледно време единствениот елемент кој го предизвикува тоа е Исламската држава (Идил) која продолжува да го напаѓа Кобани во северна Сирија, и да ги напаѓа Језидите и други цели во Ирак. САД, Велика Британија и Франција ги бомбардираат силите на Идил, воглавно за да ги заштитат и за да им помогнат на курдските сили Пешмерга, единствената сила која војува по секоја цена.

Практично, во медиумите не се известува за 18-те милиони муслимански бегалци низ целиот Блсики исток. ОН објавува извештаи дека се овие и внатрешно раселените лица се одраз на превирањата во Авганистан, Ирак, Либија, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен. За да го сфатиме обемот на сето ова, замислете како би изгледале САД или Европа со толкав број на бегалци.

Дејвид Голдман, висок претставник на лондонскиот Центар за политички истражувања и соработник во Вакс фемили рајтинг на Форумот за Блискиот исток, на 20 октомври на веб страната на форумот забележа дека „ова е причина за очајност: огромен број на луѓе се итргнати од нивинте традиционални општества и протерани од нивните домови, а многумина од нив на себе немаат ништо освен алиштата кои ги носат“.

– Има милиони млади луѓе во муслиманскиот свет кои седат по бегалски кампови и немаат што да правата, никаде да се обратат, и на ништо да се надеваат… никогаш ниту едно екстремистичко движење немало толку фрустрирани и босоноги млади луѓе на располагање како свои извори за регрутирање“.

И што мисли Џон Кери, односно Државниот секретар, кој е најголемиот проблем на Блискиот исток? Додека минатата недела разговараше за коалицијата против Идил со лидерите од Блискиот исток, Кери изрази мислење дека реален проблем за тоа е изралеско-палестинскиот проблем. Излегува дека тој не е свесен дека не постои Палестинска држава и дека таа никогаш и не постоела. Онаа која постои на Западниот брег постои благодарение на подршката од Израел, а онаа која постои во Газа, и која е контролирана од Хамас, испровоцира силни изралески одбранбени мерки со ракетрирања кои траеја со месеци.

Професорот Ефраим Инбар, директор на Центарот за стратегиски студии Бегин-Садат и претставник на Шилман/Фелоу на Форумот за Блискиот исток, има сосема поинава гледна точка. „Но во реалноста новината наречена Исламска држава, како и магнитудата од заканата која таа ја носи, се воглавно претерани“.

Забележувајќи дека многу од арапските држави „не успеаја да се модернизираат и да овозможат основни услуги“, проф. Инбар мисли дека ниту Идил може да го стори тоа. Покрај тоа, „поголемиот дел од фрагментираниот арапски свет ќе биде со децении зафатен справувајќи се со своите домашни проблеми минимизирајќи ја можноста дека таа ќе се претвори во силен страшен непријател на Израел или на западот“.

Она што изгледа бега им од внинманието на Кери и на претседателот, е заканата од нуклеарно вооружениот Иран. Преговорите да се натера Иран да се повлече од обидите да создаде боеви глави за своите ракети, не изгледаат ветувачки и со позитивен исход. Иран успеа некои санкции да бидат повлечени, а заради тоа Иран најверојатно и се вклучи во преговорите. Ним не им е гајле што сакаат западот или остатокот од Блискиот исток.

Ниту Израел, ниту пак Саудиска Арабија се наивни како САД. Во март, Ричард Силверстејн, во текст во Тикун Олам, напиша дека „нивото на интензивна соработка помеѓу Израел и Саудиска Арабија во заедничката цел Иран станува јасна. Саудиска Арабија не само што ги координира своите разузнавачки активности со Израел. Тие всушност и финансираат голем дел од израелската многу скапа кампања против Иран“. Неодамнешната експлозија во иранска нуклеарна институција наведува дека оваа кампања е сеуште активна.

Забележувајќи за „засилена воена цензура во Израел“, Силверстејн потенцира дека информациите за изралексо-саудиските врски не се објавуваат во израелскиот дневен весник Маарив, ако двете влади не сакаат Иран и САД да знаат за тоа. Како резултат на тоа, саудијците ги заменија американците како извор за подршка, со оглед на тоа што претседателот Обама едвај успева да сокрие дека не му се допаѓа Израел.

Силверстејн продолжува: „Но Израел нема утре да тргне во војна“. Израел ќе го следи исходот од преговорите помеѓу САД и Иран, и според тоа ќе одреди какви акции ќе преземе или не. Во меѓувреме, ќе продолжи да врши притисок врз Иран со својата тајна програми.

Сепак, еднаш медиумите ќе почнат да обрнуваат повеќе внимание на Блискиот исток. Но така нема да добијат поголема соработка од Идил, затоа што Исламската држава стави до знањење дека само новинарите кои се покоруваат на нивните правила и пишуваат што тие сакаат ќе живеат долго.

„Религијата на мирот“, или Исламот, не создаде многу мир на Блискиот исок и низ светот во последните 1,400 години.

 

Канада прес фри – Отава

 

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак