Исламисти зазедоа три магацини за оружје во близина на Дамаск

Од:

Сириски исламистички бунтовници зазедоа три магацини за оружје во близина на Дамаск, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон. 


Бунтовниците ги заземале магацините по целовечерните судири со воени единици, лојални на претседателот Башар ал Асад, во местото Ал Калун, северно од Дамаск.


Во судирите најмалку еден бунтовник е убиен, а неколкумина се повредени, а ранети има и меѓу припадниците на владините сили, наведува Центарот.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија