Исламистичките симпатизери на отповиканиот египетски претседател Мухамед Морси денеска повикаа на нови протести против војската, кои ќе биде тест за нивната способност.
Изминатите денови во Египет се уапсени десетина лидери и членови на движењето Муслимански браќа.
Денешниот ден треба да биде тест за преостанатата сила и поврзаност на исламистите. Симпатизерите на Морси се повикани да дојдат на протест наречен „Петок маченик“ по главната муслиманска молитва која што се практикува секој петок.
Бројот на учесниците на протестите иминатите неколку дена се намали поради засилената интервенција на силата за безбедност.
Елена Георгиевска