Екстремисти од групата Ал Шабаб го нападнаа денеска центарот за обука на воени разузнавачи во Могадишу, при што се убиени четворица исламисти.
Исламистите пред нападот кај зградата на Националната разузнавачка и безбедносна агенција (НИСА) активирале експлозив поставен во автомобил, по ште следувала жестока престрелка од огнено оружје.
– Го осуетивме нападот. како што гледате ова се телата на четворица припадници на Ал Шабаб кои ја нападнаа зградата, изјави претставникот на Министерството за внатрешна безбедност Мухамед Јусуф, прецизирајќи дека двајца од нив загинале во експлозијата на автомобилот.
– На нашата страна нема жртви, додаде тој.
Од друга страна, портпаролот на Ал Шабаб за воени операции шеик Абдијаз Абу Мусаб за британските медиуми изјави дека загинале тројца екстремисти кои „се жртвувале во операцијата“.
– Ние убивме повеќе од десет разузнавачи, претежно офицери, тврди тој.