Ибрахим Ал Кандари, муслимански проповедник од Кувајт ги повикува припадниците на ИСИС, кои веќе неколку недели го уништуваат културното богатство во Ирак, да ги урнат најголемите симболи на Египет, пирамидите и Сфингите, наведувајќи дека е време да се уништи фараонското наследство.
-Иако античките монументи не се религиски, туку културни и историски места, тие мора да бидат уништени. Муслиманите мора да ги уништат-вели тој.
Претходно и суверениот лидер на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади во едно од своите обраќања рече дека уништувањето на историските споменици е „верска должност“.
Радикалните исламисти од редовите на движењето Салафи во 2012 година прогласија фатва и бараа од Египет да ги уништи пирамидите и Сфингите, со барање египетското министерство да го укине туризмот, бидејќи тој според нив е еднаков на проституција и разврат.
Е.Г.