ИСИС се заканува на папа Франсис пред посетата во Сараево?

Од:

„Дневен аваз“ пренесе дека шефот на ватиканската безбедносна служба Доменико Џиани, зборувајќи за посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис на Сараево изјавил дека постојат одредени закани од Исламска држава.

Тој не прецизирал за какви закани станува збор, но ја споменал посетата која што е најавена за 6-ти јуни оваа година.

Претставникот на католичката црква во БиХ и безбедносните агенции, истакнале дека не постои закана за папа Франсис или Светата Столица, освен некои сознанија за закани од ИСИС.

Соговорниците на состанокот истакнале дека максимално треба да се поттикне присуството на верниците кои во Сараево на 6-ти јуни сакаат да се сретанат со папа Франсис.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска