Исчезнато девојче од Германија пронајдено во шума, убиено

Од:

Деталите за смртта на 12-годишната Луиза од Фројденберг, Германија, чие тело во неделата беше пронајдено во близина на железнички тунел, ги шокираа и најискусните истражители.

Девојчето е убиено, а со нејзината смрт се поврзуваат две 12-годишни деца.

Според полицијата, девојчето било пронајдено во шума.

Во понеделникот Марио Манвејлер од јавното обвинителство во Кобленц призна колку бил шокиран од смртта на девојчето.

“Морам да признаам дека сум шокиран од она што го видовме. Врз основа на доказите на местото на настанот, мора да претпоставиме дека детето е убиено. Обдукцијата е извршена во понеделник, резултатите најверојатно ќе бидат познати денеска”, изјави Манвејлер.

Во Фројденберг владее тага и неверување. Знамињата во градот беа спуштени на половина копје, а психолозите пристигнаа во училиштето во кое учеше убиеното девојче.

Како што напиша магазинот Феникс, девојчето исчезнало во саботата попладне кога се враќала дома од посета на пријател. Таа мораше да пешачи добри три километри до нејзиниот дом.

Се претпоставува дека го одела шумскиот дел затоа што сакала да го скрати патот. Нема сигнал од мобилен телефон во шумската област каде што исчезна Луиз.

Би можело да ве интересира

Активисти се залепија за пистата на аеродромот во Келн, откажани летови

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот