Исчезнатата индонезиска подморница денеска може да остане без кислород

Од:

Индонезиските спасувачки екипи денеска предупредуваат на најлошиот можен исход од потрагата по исчезнатата подморница, затоа што сметаат дека е можно екипажот во неа да останал без кислород.

Би-Би-Си наведува дека постои стравување дека подморницата со 53 члена на екипажот ќе биде изгубена засекогаш, а портпаролот на армијата претходно изјави дека во неа ќе има доволно кислород само до денеска, до 3 часот по локално време, а тој рок веќе измина.

Подморницата „KRI Нангала-402˝исчезна во средата, за време на воена вежба во близина на брегот на островот Бали, а индонезиските власти почнаа потрага во која оттогаш се вклучени најмалку шест воени бродови, хеликоптер и 400 лица.

Индонезиската војска во четвртокот, доцна вечерта, соопшти дека открила знаци на објект на длабочина од 50 до 100 метри и распоредила бродови со опрема за следење со сонар во надеж дека станува збор за „KRI Нангала-402˝.

Сингапур и Малезија испратија свои бродови во областа, Австралија, Франција, Германија и Индија, исто така, пружаат помош, а авион на американската морнарица „Боинг П-8 Посејдон“ слета на Бали.

Портпаролот на индоензиската морнарицата за Би-Би-Си изјави дека ова е првпат Индонезија да изгуби една од своите подморници, но дека слични инциденти се случувале и порано на други места.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од претходната мисија на Титан: Капетанот изгуби контрола над подморницата

Американците веруваат дека се најдени човечки останки во остатоците од Титан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Остатоците од подморницата Титан извлечени од дното на Атлантикот

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

Мајката на момчето кое загина во подморницата: Сакаше да ја реши Рубиковата коцка на 3.700 метри длабочина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Анимација која покажува што се случувало со подморницата

Предраг Петровиќ