„Исчезна“ Твитер профилот на Џулијан Асанж

Од:

Од синоќа го нема Твитер профилот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, што привлече внимание кај неговите поддржувачи и корисниците на социјалната мрежа.

Некои оценуваат дека Асанж го избришал неговиот профил, додека други тврдат дека компанијата Твитер го суспендирала.

Дел од корисицните на социјалните мрежи изразија загриженост за безбедноста на Асанж, бидејќи неговиот профил исчезна само неколку дена по наводната кражба во канцеларијата на Викиликс во Мадрид.

Неговиот профил на Твитер во моментов воопшто не постои, а неименуван извор близок до Викиликс кажал дека не е запознаен со намерата на Асанж за деактивирање на истиот.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори