Исчезна индонезиски авион со 10 патници

Од:

Индонезиската авикомпанија „Авиастар“ соопшти дека денеска загубила сакаков контакт со нејзин патнички авион во кој имало десет патници и членови на екипажот кој исчезнал на домашен лет на островот Сулавези.

Компанијата „Авиастар“, чие седиште е во Џакарта, е основана во 2000 година како чартер хеликоптерска служба, но подоцна ја прошири активноста и на помали патнички авиони.

Индонезија е на лош глас поради нејзината безбедност во воздушниот сообраќај, 59 од 63 воздухопловни компании кои се регистрирани во оваа земја, имаат забрана за летање во воздушниот простор на Европската унија.

Земјата со 250 милиони жители се соочува со големи несреќи во сите видови транспорт, вклучително и во авионскиот, железничкиот и поморскиот сообраќај.

Индонезија е еден од најбрзорастечките пазар во воздухопловниот сектор во Азија, но компаниите се соочуваат со недостиг од квалификувани пилоти, механичари и контролор на летањето и обновување на аеродромската инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски