Еден од најбогатите Кинези Гуо Гуангчанг, сопственик и претседател на компанијата „Фосун Интернешанл“ од Шангај, се води како исчезнат, тврди специјализираното списание за финансии „Каиксин“.
Весникот наведува дека раководството на компанијата загрижено, бидејќи Гуо „исчезнал“ вчера попладнето, а никој од неговите најблиски соработници и членови на одборот на комапнијата од тогаш не може да стапи во контакт со него.
На кинеските социјални мрежи се појавија тврдења дека Гуо не е исчезнат, туку дека е задржан од полицијата. На една од мрежите, „сведоци“ напишале дека бил виден во Шангај во придружба на полиција.
Во август оваа година, Гуо беше поврзуван со еден случај на корупција во Кина.
„Фосун“ е една од најголемите кинески компаии, вклучена во бројни бизниси низ целиот свет. „Фосун Интернешанл“, која е компанија-мајка на „Фосун Груп“ од Шангај, во 2007 година е регистрирана во Хонг Конг.
Компанијата е создадена во Шангај во 1992 година, а првите успеси ги има постигнато со вложувања во фармацевтската индустрија и во недвижности.
Таа сега е вклучена во медиумите и комуникациите, во осигурувањето и недвижниности. Според американското списание „Форбс“, вредноста на „Фосун“ се проценува на преку седум милијарди долари.
Во февруари годинава оваа кинеска компанија ја купи познатата француска туриситчка фирма „Клуб Медитеране“.
Експерти во Хонг Конг проценуваат дека доколку се потврди веста за исчезнувањето, тоа ќе биде прв таков случај во Кина поврзан со еден домашен тајкун.
Веста за исчезнувањето на Гуо Гуангчанг, предизвика берзата во Хонг Конг од денеска на пладне да ги запре сите трансакции на „Фосун Интернешанл“.