ИРНА: Во вчерашниот напад, ранет е лидерот на Исламска држава

Од:

При вчерашниот воздушен напад на ирачките борбени авиони против конвој на терористичката организација „Исламска држава” во западната провинција Анбар Ен ранет е лидерот Абу Бакр ал Багдади,  тврди државната иранска новинска агенција ИРНА.

Во бомбардирањето убиени се тројца негови заменици – Аш Шишани, одговорен за пропагандата, Ал Сури и Абу Саид ал Карбули, се вели во соопштението на иранската агенција.

Прецизниот воздушен напад бил извршен по добивањето разузнавачки информации дека конвојот предводен од Ал Багдади патува за средба во градот Карабах со команданти на ИД.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак