Независниот кандидат Ирина Влах победи на изборите за шеф на автономниот регион Гагаузија во Молдавија.
Таа добила 51 отсто од гласовите, соопшти Централната изборна комисија. Во изборите учествуваа 63.800 од регистрираните 105.839 гласачи.
Во предизворната кампања Ирина Влах понуди зближување со Русија и евроазиска насока на развој. Таа е поддржана од Партијата на социјалистите на Молдавија која има најголема фракција во Парламентот. Досега Влах беше пратеник. Според молдавските закони гувернерот на Гагаузија станува член на Владата.