Иранските власти уапсиле 27 членови на Исламска држава и спречиле атентати

Од:

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека уапсило 27 лица за врски со групата Исламска држава, а кои планирале извршување терористички акти во градовите со религиозно значење на територијата на Иран, пренесоа американските медиуми.

Во соопштението на министерството се посочува дека приведените биле идентификувани како резултат на размена на разузнавачки информации со една од специјализираните служби во регионот, а тоа се случило пред стапувањето на должноста за вториот мандат на иранскиот претседател Хасан Рохани.

Не се наведува со која точно држава Техеран ги разменил овие разузнавачки информации, ниту каде биле изведени апсењата.

Според соопштението, десет души биле уапсени во „контролен центар“ надвор од границата, и истите биле префрлени во Иран, а другите 17 биле апсени на иранска територија.

Министерството уште соопшти дека петмина од нив имале намера да извршат терористички напади во Иран, а останатите биле нивни помагачи.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он