Иранските власти ќе одговорат на санкциите на Европската унија

Од:

Иранските власти денеска остро ги критикуваа новите санкции воведени од Европската унија (ЕУ) и додадоа дека го задржуваат правото да одговорат на нив, пренесе агенцијата Ирна.

„Со својата навика да воведува санкции, ЕУ губи секаква рационалност и сериозност. Со овој погрешен пристап Европа го намалува опсегот на своите односи“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Насер Канани.
Според него, Иран ќе одговори „на ефикасен и силен начин“ на „неконструктивните акции на Европа“.

Во понеделникот, ЕУ воведе санкции за група од 29 ирански претставници, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Ахмад Вахиди.

Санкции беа воведени и против некои институции како што е државната Прес ТВ, обвинета за емитување „принудни признанија“ на приведените по задушувањето на протестите.

Протестите во Иран започнаа на 16 септември, денот на смртта на Махса Амини (22) во болница, каде што беше сместена во тешка состојба по нејзиното апсење на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгите ирански кодекс на облекување за жени.

Демонстрациите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти. Според податоците на невладините организации, во задушувањето на тие протести загинаа повеќе од 300 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кос: Проширувањето на Европската Унија е процес заснован на заслуги

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети