Иранскиот верски лидер Али Хамнеи Албанија ја прогласи за непријател

Од:

Иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непријатели“.

„Тоа е многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република. И планот што тие го имаа јасно се виде, со протестите што се одржуваа во Иран, бидејќи некои од тие предавници дојдоа во Иран да протестираат. Агентите на непријателот започнаа да го спроведуваат планот за саботажа, убивање и уништување на нашата влада и нашот Устав“, изјавил Хамнеи.

Во Албанија првата група ирански муџахедини пристигна во 2016 година според договорот со САД. Сега во т.н. град на муџахедните сместени се неколку илјади.

Би можело да ве интересира

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) Иран објави видео: Вака удривме на Израел

Иран му се обрати на Вашингтон: Пораката е јасна и не е добра

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации