Иранскиот претседател со закани до Израел

Од:

„Иранските вооружени сили ќе го гаѓаат срцето на Израел ако направи најмал потег насочен против Исламската Република“, изјави денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси на воената парада.

„Ако направите и најмал потег против нашата земја… цел на нашите оружени сили ќе биде срцето на ционистичкиот режим“, рече Раиси во обраќањето што беше пренесувано на националната телевизија.

Израел што не е признаен од Исламската Република, соопшти дека нема да прифати нуклеаризација на Иран, додека Техеран се обидува преку преговори со светските сили да го заживее нуклеарниот договор од 2015 година.

Индиректните разговори што ги водеа Техеран и Вашингтон по однос иранската нукеларна прогерама беа прекинати минатиот месец.

Израел предупреди дека никаков договор нема да биде обврзувачки за еврејската држава, како и оти би можел да спроведе и еднострана акција против иранските нуклеарни капацитети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија