Ирански танкери со нафта пловат кон Венецуела

Од:

Пет ирански танкери со 1,5 милиони барели нафта пловат кон Венецуела, каде ќе бидат пречекани од воената морнарица на таа земја, со цел да се спречи евентуален обид на САД да ги запре.

Танкерите, кои на почетокот на овој месец минаа низ Суецкиот канал, треба да стигнат до крајната цел во текот на следните денови.

Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино изјави дека војската ќе ги пречека во ексклузивната економска зона, која се протега на 370 километри од нејзиниот брег.

– Кога ќе влезат во нашата економска зона, ќе бидат придружувани од бродови и авиони на војската на Венецуела за да ги поздрават и да му се заблагодарат на иранскиот народ за соработката и солидарноста, истакна Падрино.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо тврди дека власта во Венецуела ја платила иранската нафта со „крваво злато“ од неформалните рудници во џунглите во јужниот дел на земјата, каде се извршени злосторства од страна на криминалните банди кои се борат за територија.

САД, кои воведоа санкции против Венецуела и Иран, наводно разгледуваат преземање чекори со цел да се спречи испораката, објави Би Би Си.

Постојаниот претставник на Венецуела во ОН, Самјуел Монкада нагласи неодамна дека танкерите се „цивилни бродови кои носат неопходни намирници за народот и доаѓаат од земја која легално тргува со Венецуела“.

– Забраната вакви бродови да пристигнат во нашите пристаништа во време на пандемија претставува злосторство против човештвото, истакна Монкада во Советот за безбедност на ОН.

Иран, исто така, предупреди дека соодветно ќе одговори доколку танкерите бидат блокирани.

Истовремено бродови на американската морнарица и крајбрежна стража патролираат низ Карипското Море во мисија за пресретнување недозволен шверц на наркотици.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он