Ирански шиитски верници киднапирани во Дамаск

Од:

„Вооружени терористи“ во Дамаск киднапираа 48 шиитски верници од Иран, кои со автобус патувале кон аеродромот, соопшти денеска иранскиот генерален конзул во Сирија, Маџид Камаџу.

Тој нагласи дека засега нема информации за судбината на киданпираните Иранци, додавајќи дека иранската Амбасада во Дамаск и сириските власти презамаат мерки за нивно пронаоѓање.

Верниците биле на поклонение на гробот на Зејнаб, ќерка на имамот Али, кој се наоѓа во близина да Дамаск и во моментот на киднапирањето оделе кон аеродромот на пат за Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа

Хамнеи: Американци, правите голема грешка

Трагедија на фестивал во Иран: Најмалку 21 мртов и над 6.000 повредени

Горан Наумовски

Иран го чека тајното писмо од Трамп