Ирански пратеници скандираа „Смрт за Америка“ пред зградата на парламентот

Од:

Иранските пратеници, кои денес се состанаа за да разговараат за протестите што го потресоа Иран од 28 декември, во еден момент истрчаа пред зградата на парламентот скандирајќи „Смрт на Америка“, објави АП.

Пратениците скандираа слогани во поддршка на иранската влада, која се обидува да ги ограничи антивладините демонстрации што се проширија во повеќето градови во земјата.

Според објавените снимки, протести се одржуваат и во светиот град Машхад, втор по големина град во Иран, околу 725 километри североисточно од Техеран, каде што демонстрантите се судрија со безбедносните сили.

Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи сигнализираше претстојна репресија, и покрај предупредувањата од САД дека ќе интервенира воено доколку бидат убиени демонстранти.

Техеран ги засили своите закани, а иранскиот државен обвинител, Мохамед Мовахеди Азад, предупреди дека секој што ќе учествува во протестите ќе се смета за „непријател на Бога“, обвинение казниво со смрт.

Во соопштението објавено од иранската државна телевизија се вели дека дури и оние кои „им помогнале на бунтовниците“ ќе се соочат со обвинение.

Би можело да ве интересира

Техеран тврди дека САД користат цивили како човечки штитови и најавува офанзивен одговор

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

„Волстрит џурнал“: Иран не побара одложување на нападите врз енергетската инфраструктура

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“