Ирански генерал: Доколку Европа продолжи да му се заканува на Техеран, ќе го зголемиме дострелот на ракетите

Од:

Доколку Европа продолжи да му се заканува на Техеран, тогаш Иран ќе го зголеми дострелот на своите ракети на над 2.000 километри, предупреди заменик командантот на Корпусот на гардата на Исламската револуција.

Ова доаѓа откако Франција побара бескомпромисен дијалог со Иран за програмата за балистички ракети и можни преговори околу прашање надвор од нуклеарниот договор.

– Ако се придржуваме кон опсегот на своите ракети до 2.000 километри, тоа не е поради недостиг на технологија. Ја следиме стратешката доктрина, изјави бригадниот генерал Хусеин Салами.

Според него, Иран смета дека Европа не е закана и затоа не е зголемен дострелот на ракетите, но доколку стане, тогаш дострелот ќе биде зголемен.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари