Ирански дипломати првпат во Саудиска Арабија од 2016 година

Од:

Тројца ирански дипломати пристигнаа во Саудиска Арабија, каде што ќе го претставуваат Техеран во Организацијата за исламска соработка, јави денеска државната телевизија.

Во извештајот се наведува дека дипломатите пристигнале пред неколку дена, што е првпат Саудиска Арабија да прими ирански дипломати од 2016 година, кога ги прекина дипломатските односи со Иран по нападот на двете нејзини дипломатски претставништва во таа земја, поради одлуката да погуби шиитски имам, кој беше водечка личност во опозицијата.

Седиштето на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) е во Џеда и брои 57 членови.

Последните случувања укажуваат на можноста за подобрување на врските и размената на дипломати од Иран и Саудиска Арабија.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде изјави дека неговата земја во моментов е фокусирана на повторното отворање на канцелариите на ОИК.

Иран претходно покажа подготвеност повторно да ја отвори амбасадата во Ријад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори