Иранската нуклеарна програма беше цел на нов сајбер напад

Од:

Иранската нуклеарна програма била погодена од нов компјутерски вирус, што прекинал важни активности во два објекта и неконтролирано пуштал гласна музика на рок групата Еј Си/ Ди Си, соопштија агенциите, повикувајќи се на сајтот за интернет безбедност Еф Секјурити.

Сајтот за нападот дознал од научник, вработен во Организацијата за атомска енергија на Иран.

„Ви пушувам за да ве информирам дека нашата нуклеарна програма повторно беше нападната од нов црв, кој ја прекина нашата мрежа за автоматизација во Натанц и другиот објект во Фордо, во близина на Кум“, изјавил научникот во мејл, испратен до Еф Секјурити.

Според него, хакерите ја употребиле програмата Метасплоит и добиле пристап до виртуалната приватна мрежа на објектите. Како резултат на нападот запрела мрежата за автоматизација и компјутерска апаратура.

„Имаше и некаква музика, што произволно се пушташе во текот на ноќта во неколку од работните станици на објектот, а звукот беше на максимум. Мислам дека се пушташе песната „Тандерстрајк“ на Еј Си/Ди Си“, изјави научникот.

Иранската нуклеарна програма често пати е цел на кибер напади, за кои Техеран ги обвинува Израел и САД, посочуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа

Хамнеи: Американци, правите голема грешка

Трагедија на фестивал во Иран: Најмалку 21 мртов и над 6.000 повредени

Горан Наумовски

Иран го чека тајното писмо од Трамп