Иранската нобеловка Наргес Мохамади наводно доживеала срцев удар во затвор, а семејството е во страв

Од:

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2023 година, Наргес Мохамади, е во критична состојба во затвор во Иран и се верува дека доживеала срцев удар, соопшти нејзиното семејство.

53-годишната Мохамади, истакната активистка за човекови права и женски права, беше пронајдена во несвест во затворот Занџан минатата недела, соопшти нејзиниот правен тим и семејството.

„Таа беше пронајдена во несвест во кревет“, изјави нејзиниот брат Хамидреза Мохамади за Би-Би-Си.

Тој додаде дека активистката била однесена во затворската болница, но властите одбиваат да ја пренесат во болница и покрај нејзините претходни сериозни проблеми со срцето и белите дробови.

Мохамади, исто така, страда од сериозни флуктуации на крвниот притисок, предупреди нејзиниот брат, додавајќи дека животот на неговата сестра е во опасност.

Семејството побара нејзино итно ослободување за да може да се подложи на темелен медицински преглед.

Наргес Мохамади е позната по нејзината борба за човекови права во Иран и претходно била апсена неколку пати поради нејзиниот активизам, потсетува Би-Би-Си.

Меѓународните организации за човекови права ги повикаа иранските власти веднаш да ѝ обезбедат пристап до итна медицинска помош, нагласувајќи дека нејзиното притворање во оваа состојба претставува сериозно кршење на основните човекови права.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите