Иран сега произведува збогатен ураниум до 20 проценти, потврди денеска портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди.
– Околу 19.00 часот (понеделник во 15.30 часот по средноевропско време), достигнавме производство од 20 проценти, нагласи Камалванди во интервју емитувано на Иранската државна телевизија.
Тој додаде дека по достигнување на 20 отсто, процесот на производство на таков ураниум треба да стане целосно стабилен.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Иран почнал процес за производство на збогатен ураниум до 20 проценти во комплексот Фордо, што е ново кршење на нуклеарниот договор од 2015 година.
Иранскиот Парламент неодамна донесе одлука за зголемување на нивото на збогатување ураниум по убиството на иранскиот физичар Мохсен Фахризадех. Иран се сомнева дека Израел стои зад убиството на научникот.