Иранците ја нападнаa канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху, не се знае каде е израелскиот премиер

Од:

Иран утрово изврши напад врз канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а неговата судбина во моментов е непозната, соопшти Иранската револуционерна гарда.

– За време на десеттиот бран од операцијата „Вистинско ветување 4“, канцеларијата на премиерот на овој криминален режим, како и локацијата на командантот на воздухопловните сили на армијата на режимот, беа цел на ракетите „Хејбар“, се вели во соопштението објавено од иранската државна телевизија и радио.

Иранската Исламска револуционерна гарда објави дека започнала ракетен напад врз израелскиот владин комплекс во Тел Авив, безбедносните и воените центри во Хаифа и Источен Ерусалим.

„Десеттиот бран од операцијата „Искрено ветување 4“ отвори огромна противпожарна врата кон окупираните територии со маневрирањето на ракетите Хајбер. Целни напади врз израелскиот владин кампус во Тел Авив, напади врз воените и безбедносните центри во Хаифа и напади врз Источен Ерусалим беа некои од целите на десеттиот бран. Претходно предупредивме за проширување на планот за напад врз базите и окупираните територии на непријателите агресори и објавивме дека сирените во Израел никогаш нема да престанат“, се вели во соопштението на ИРГК.

Револуционерната гарда, исто така, тврди дека ја погодила резиденцијата на командантот на израелските воздухопловни сили.

Досега, израелската страна не коментираше за оваа ситуација.

Неколку часа пред оваа вест, телевизиската мрежа Ал Џезира објави дека Нетанјаху е мртов, но оваа вест беше повлечена кратко по нејзиното објавување.

Исто така, постојат непотврдени информации дека израелскиот премиер се крие на безбедна локација во Берлин, со оглед на тоа што израелскиот државен авион бил итно префрлен на аеродромот во тој германски град.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Иран: На заканите ќе одговориме на бојното поле!

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иран објави мапа со точни цели: Ќе го потопиме целиот регион во темнина

А1он

ВИДЕО: Иранците тврдат дека собориja американски борбен авион Ф-15

А1он

Иран наплаќа такса од 2 милиони долари за премин низ Ормутскиот теснец

А1он

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени