Иранците ја користат секоја можност да му се потсмеваат на Трамп, за наплата за премин низ Теснецот му рекоа: „Ќе бидеме фер“

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се осврна на размислувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за Ормутскиот теснец и искористи уште една можност да ја исмее политиката на Белата куќа на Блискиот Исток.

Имено, Доналд Трамп рече дека Ормутскиот теснец ќе остане отворен со или без Иран.

„Ја воведуваме повторно „иранската блокада“, наречена така бидејќи спречува само ирански бродови или клиенти да влезат или излезат од теснецот. Сите други земји ќе имаат право на фер и непречено користење на теснецот. Соединетите Американски Држави отсега ќе бидат познати како „чувар на Ормутскиот теснец“, но во духот на праведноста, за извршување на задачата за обезбедување на безбедноста и заштитата на овој исклучително нестабилен дел од светот, ќе бидат компензирани со наплата на надомест од 20% од вредноста на целиот транспортиран товар за покривање на сите потребни трошоци. Процесот и воспоставувањето на овој аранжман започнува веднаш“, рече Трамп.

Во својата изјава, Арагчи рече дека само една земја е чувар на тој теснец.

„Претседателот на Соединетите Американски Држави е апсолутно во право. Кој и да обезбеди безбедно поминување на комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец, треба да биде платен за таа услуга. Иран отсекогаш бил чувар на тој теснец и така ќе остане засекогаш, 20% е, секако, премногу. Ќе бидеме фер“, рече шефот на иранската дипломатија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

(ВИДЕО) Верски лидери повторно се молеа над Трамп во Белата куќа за заштита од злото

Горан Наумовски