Иран: Војската е спремна за војна ако САД изврши копнена инвазија

Од:

Иранската војска подготвила голем број сценарија за да одговори на можни напади на САД, вклучително и копнена инвазија од страна на американските сили, изјавил анонимен воен извор во Иран за РИА Новости.

– Нашите вооружени сили подготвиле различни сценарија за да се спротивстават на секој нов напад на САД, особено ако Вашингтон направи грешка и започне копнена инвазија“, рекол изворот.

Тој додал дека повторен напад врз иранските нуклеарни објекти или инфраструктура ќе биде пресретнат со одговор кој, како што рекол, ќе ги надмине очекувањата на САД.

Според него, заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го подигнале нивото на оперативна подготвеност на единиците на вооружените сили на Исламската Република за евентуално одбивање на инвазија.

Изворот, исто така, изјавил дека одговорноста за сите последици поврзани со понатамошна ескалација на тензиите лежи кај Вашингтон.

Американската војска изврши серија напади врз Иран од 8 јули. Централната команда на САД соопшти дека нападите биле одговор на наводните ирански акции против комерцијалните бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец.

Иранската војска одговори со напад на американските бази во неколку земји од Блискиот Исток. Техеран, исто така, го обвини Вашингтон за кршење на договорот за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ