Иран „вежба“ долж границата со Ирак

Од:

Иранската војска планира воена вежба долж границата со Ирак, јави иранската новинска агенција ИСНА.

Воениот командант, генералот Саид Араблу рече дека тродневната специфична вежба ќе започне во понеделник и дека во неа ќе учествуваат воздухопловните и копнените сили.

Целта на вежбата е подигнување на способноста на иранските сили на повисоко ниво, рече Араблу, без да даде други детали.

Иран редовно спроведува воени вежби за да се позиционира себе како регионална сила.

Ирак и Иран од 1980-тата водеа осумгодишна војна, во која според проценките на двете страни загинаа милион луѓе.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски