Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Од:

Иранската државна телевизија ја цитираше Здружената воена команда на земјата дека два хеликоптери „Блек Хок“ и еден воен транспортен авион Ц-130 биле соборени во градот Исфахан.

Во соопштението се вели дека леталата биле вклучени во „неуспешна операција за спасување на американски пилот“.

Државната телевизија прикажа фотографии од авионот, како и снимки од столб од темен чад што се издига од пустинската област.

Пилотот исчезна во петокот кога Иран собори американски авион Ф-15Е Страјк Игл. Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека пилотот е спасен.

Другиот член на екипажот беше извлечен на безбедно место претходно.

Централната команда на САД не одговори веднаш на прашањата за авионот.

Би можело да ве интересира

Кувајт: Ирански беспилотни летала нападнаа нафтен комплекс и владини канцеларии

Контранапад на Иран: „Целиот регион ќе гори“

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“

Тасним: Неколку американски војници загинаа во спасувачка операција во Иран

Техеран не попушта: Одбиен е новиот ултиматум од Трамп

(ВИДЕО) САД објавија видео од напад врз Техеран: „Убивме многу ирански воени лидери“