Ирански официјален претставник нагласи за можна закана спрема Израел наведувајќи дека ако САД ја нападнат Сирија, дел милитантни групи може да се одмаздат и да ја нападнат еврејската држава.
Иранскиот заменик министер за надворешни работи Хусеин Амир Абдолахиан изјави на брифинг денеска дека ако САД преземат воздушни удари врз Сирија, Израел може да биде под закана на „некои групи и движења формирани во изминатите 2-3 години“.
Тој додаде дека Иран ја поздравува руската иницијатива за Сирија. Во исто време, тој нагласи дека Иран има докази дека хемискиот напад од минатиот месец бил извршен од сириски бунтовници, а не од владините сили како што тврдат САД.