Иран: Трамп нема голем избор, просторот за донесување одлуки е стеснет

Од:

Разузнавачката единица на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека просторот за донесување одлуки на САД е стеснет.

– Постои само еден начин да се протолкува ова: (американскиот претседател Доналд) Трамп мора да избере помеѓу невозможна воена операција и лош договор со Исламската Република Иран. Просторот за донесување одлуки на САД е стеснет, се вели во соопштението објавено на мрежата X.

Според разузнавачката единица на ИРГЦ, Техеран поставил рок за американската војска да ја прекине блокадата на иранските пристаништа, иако не прецизираше кој е точниот рок и посочува дека Кина, Русија и Европа го промениле својот тон против Вашингтон, објавува Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски