Иран: Соборивме дрон во близина на нуклеарниот објект Натанц

Од:

Иран собори израелски дрон во близина на нуклеарниот објект Натанц, објави државната новинска агенција ФАРС, повикувајќи се на локален функционер.

Дронот бил соборен „во еден од одбранбените прстени на системот за воздушна одбрана во објектот Натанц“, изјави заменик-гувернерот на покраината Исфахан во централен Иран.

Натанц се смета за клучна нуклеарна локација. Иран таму збогатува ураниум до чистота од 60%, според Меѓународната агенција за атомска енергија.

Натанц беше цел на израелски воздушни напади во последните денови, а сателитските снимки покажуваат значителна штета.

Би можело да ве интересира

Над 5.000 мртви и повеќе од 28.000 уапсени е засега црниот биланс од протестите во Иран

Ескалација на тензиите: Трамп потврди дека американски бродови се упатени кон Иран

Крвав биланс: Иранските власти ги обвинуваат САД за смртта на 3.117 луѓе

Трамп: Иран сака да разговара и ние ќе разговараме

Горан Наумовски

Иран го објави бројот на жртви од протестите и упати закани кон САД

Иран: Ќе ги решиме економските проблеми и ќе ја зачуваме безбедноста