Иран со предупредување за Албанија поради прифаќањето на членови на „Муџахедини на народот“

Од:

Техеран по приемот на првите 14 од 210 членови на организацијата „Муџахедини на народот“ ја предупреди Тирана, дека таквата одлука може да ја загрози националната безбедност на Албанија.

Член на иранскиот Парламент ја предупреди Албанија за присуството на членовите на „Муџахедини на народот“.

– Владата на Албанија ќе треба да избегне да ја повтори грешката што ја направија другите држави, кои примија членови на „Муџахедини на народот“, бидејќи тие луѓе се исклучително опасни за националната безбедност на земјата и на целиот регион, истакна иранскиот парламентарец.

Во Албанија пред неколку дена пристигна првата група од 14 од 210 членови на организацијата, која се смета за опозиција на режимот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад во Иран.

Околу 3.000 членови на „Муџахедини на народот“ живеат во американска база во Ирак.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он