Иран: Со беспилотни летала го погодивме американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“

Од:

Иранската централна команда „Хатам ал-Анбија“ соопшти дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил погоден од ирански беспилотни летала во Оманското Море.

– Носачот на авиони „Абрахам Линколн“, кој се приближил на 340 километри од поморските граници на Иран во Оманското Море во обид да го контролира Ормутскиот теснец, e погоден од беспилотни летала на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, изјави портпарол на Централната команда Хатам ал-Анбија, објави „Тасним“.

Портпаролот додаде дека бродот брзо избегал со своите разурнувачи и сега е оддалечен 1.000 километри од регионот.

Иранската војска, исто така, во неделата тврдеше дека го погодила носачот на авиони со четири крстосувачки ракети и дека бродот пловел кон Индискиот Океан по нападот. Американските воени претставници ги негираа извештаите дека ракетите го погодиле бродот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Арагчи: „Децата беа ладнокрвно убиени“

Горан Наумовски

Иранска одмазда: Нападнати се американски воени бази и израелско пристаниште

Трамп: Тврдењата дека Моџтаба е хомосексуалец е лош почеток за иранското раководство

Лавров: Со Иран се случува истото како и со уништените Ирак, Сирија и Либија

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен