Иран си ги бара милијардите долари замрзнати во јужнокорејските банки

Од:

Иран ја повика Јужна Кореја да одмрзне неколку милијарди долари кои заради американските санкции се замрзнати во банките во Јужна Кореја.

„Забраната на Јужна Кореја нашата земја да ги користи ресурсите на Централната банка за купување на основни производи, лекови и хуманитарни средства на ниту еден начин не е прифатлива и очекуваме владата во Сеул да ги укине овие ограничувања што е можно поскоро,“ изјави иранскиот претседател Хасан Рухани за британските медиуми.

Тој му наложи на директорот на иранската централна банка да се вклучи во ова прашање преку правни канали и меѓународни форуми, пренесе Ирна.

Рухани не кажа колку пари се замрзнати, но новинската агенција Борна го цитираше претседателот на Иранско-јужнокорејската трговска комора, Хосеин Танахи, кој соопшти дека во банките во далекуисточната земја се блокирани „меѓу 6,5 и 9 милијарди американски долари што му припаѓаат на Иран“.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава