Иран: Се зголемува синергијата помеѓу војската и дипломатијата во заштитата на националните интереси

Од:

Портпаролот на иранската војска, Мохамед Акрамини, и портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ја истакнаа тесната координација помеѓу воените капацитети на Иран и дипломатските инструменти, опишувајќи ги како комплементарни столбови во заштитата на националните интереси, безбедноста и достоинството на земјата.

– Денес, дипломатијата и бојното поле работат поблиску и во поголема координација од кога било досега со цел да ги унапредат националните интереси и достоинството на земјата, рече Акрамини за време на состанокот.

Тој додаде дека резултатите од оваа координација и заедничко дејствување може да се видат во големите достигнувања на иранскиот народ и во спречувањето на непријателските планови и активности во текот на изминатата година, објави Прес ТВ.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран