Иран се заканува дека трајно ќе ги блокира Вотсап и Инстаграм

Од:

Иран се заканува дека трајно ќе ги блокира комуникациската платформа Вотсап (WhatsApp) и социјалната мрежа Инстаграм, кои се многу популарни во земјата, пишува германската агенција ДПА.

Американската интернет компанија Мета, сопственик на Фејсбук, Вотсап и Инстаграм, сè уште не одговорила на писмото што иранските власти и го испратиле на почетокот на декември, во кое бараат да отвори претставништво во земјата и да ги прилагоди своите насоки на прописите на Исламската Република.

– Ако Мета не одговори на нашето писмо, тоа би можело да биде увертира за трајна блокада, рече шефот на иранскиот национален сајбер центар, Аболхасан Фирузабади, пренесе ДПА.

Иранските безбедносни сили веќе ги блокираа Инстаграм и Вотсап како дел од протестите, кои сега траат веќе три месеци. Според Техеран, овие апликации се вклучени во „заговор против Иран, предводен од странски непријатели“.

Вака иранското раководство ги опишува повеќемесечните антивладини протести ширум земјата, во кои загинаа неколку стотици луѓе.

Иран има намера да преземе правни чекори против Мета.

Критичарите на иранскиот систем, масовните ограничувања на пристапот до интернет и блокирањето на апликациите ги сметаат за обиди да се спречи ширење на информации, фотографии и видеа за протестите.

На новинарите не им е дозволено независно да известуваат за протестите. Новинарите кои ја игнорираа цензурата беа уапсени, а десетици се уште се во затвор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он