Иран се заканува дека ќе нападне израелски нуклеарен објект

Од:

Иран се закани дека ќе го нападне израелскиот нуклеарен објект во Димона доколку САД и Израел се обидат да ја сменат владата во Техеран, објави иранската новинска агенција ИСНА.

Објектот Димона би бил цел во случај на обид за соборување на иранскиот режим, се вели во соопштението. Во меѓувреме, северозападниот ирански град Букан наводно бил погоден од силно бомбардирање.

Иранска новинска агенција Тасним објави дека биле погодени локални административни згради, домови и бизниси.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран