Иран се закани дека ќе го нападне Израел при најмала провокација

Од:

Иран се закани дека ќе ги уништи сите американските воени бази на Блискиот Исток и ќе го нападнат Израел за неколку минути, при најмала случајна или намерна провокација.

„Сите американски бази се во дометот на нашите ракети, а Израел е многу лесна цел за нас“, изјави командантот на воената револуционерната гарда Амир Али Хаџи Заедх за иранската новинска агенција „Фарс“. Тој отворено порача „Само ако не допрете, веднаш ќе го нападнеме Израел“.

Доколку не се реши спорот по мирен пат, Израел соопшти дека ќе мора да го „воспита“ Иран за да се реши прашањето поврзано околу неговата контроверзната нуклеарна програма. Воената интервенција САД ја планира како последен чекор, велејќи дека треба да помине време додека интензивираните економски санкции против Иран покажат резултати.

Заканувањето од двете страни дојде по блокирањето на патот на суровата нафта од земјите крај Персискиот залив, што го направи Иран како одговор на економските санкции спроведени од Големите сили.

Тие пак одговорија дека нема да толерираат „попречување на комерцијалниот сообраќај“ и потсетија на присуството на американските бродови во регионот.

 

Би можело да ве интересира

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа